Лековит напиток Антихолестерол-Антитриглицериди, ми го даде мојот лекар кардиолог

Фото и рецепт: Весна Несовановиќ

На овој рецепт за првпат наидов на интернет, а во оригиналот пишуваше без употреба на листови. Но кога се посоветував со мојот лекар-кардиолог, кој воедно ми е и куќен пријател, ми предложи да го користам и листот од целерот.

Исто така, ми советуваше на контрола за холестеролот и триглицеридите да одам 3-4 седмици после престанокот на користење на овој напиток.

Овој напиток го користев минатата година и се покажа како многу делотворен. Испив вкупно 3 дози и тоа двапати дневно пиев по 100 мл пред појадок и пред вечера, бидејќи не вечерам.

Холестеролот претходно пред користењето на овој напиток ми изнесуваше 6,99, а после тоа падна на 4,13; а триглицеридите од 2,34 на 0,77 односно на граница на нормала.

Овој напиток треба да се користи барем еднаш во годината за да се одржува холестеролот и триглицеридите во граници на нормалата.

Потребни состојки:

400 г целер
1 кг лимон
2 литри вода

Постапка:

Коренот од целерот ибаво се мие и се лупи. Листовите исто така добро се мијат. Лимонот се мие со ладна вода и се остава неколку часа во раствор од сода бикарбона. Потоа се плакне и со нож за лупење компири му се лупи надворешната кора, без белиот дел кој дава горчина.

Во поголемо тенџере ставете 2 литри вода. Целерот изрендајте го на ситното ренде (или во блендер), па ставете го во водата заедно со листовите од целер и лимоновата кора.

Се става на силен оган, па од моментот на зовривање се намалува на умерено и се остава да се вари 20 минути.

Потоа се поклопува и се остава да излади најмалку 6 часа или преку целата ноќ. Од излупените лимони им се отстранува белата кора и целите лимони се ставаат со блендер.

Водата со целерот и лимоновата кора се процедува со помош на преса за компие, па во течноста се додава измиксаниот лимонов сок. Потоа уште двапати се процедува низ цедалка.

Се складира во стаклени шишиња и се чува во фрижидер. Од оваа количина излегува 2,7 литри лековит напиток.

УПОТРЕБА: Се пие по 100 мл 3 пати дневно 20-30 минути пред главните оброци. Пред да ја потрошите последната доза, направете нова за немате прекин во текот на користењето. Вкупно се пијат три дози, а крвна анализа се прави после 3-4 седмици откако ќе се испие последната тура.

РЕЦЕПТ ЗА ЕШЕРИХИЈА: Исто така, со целер се приготвува и лек за ешерихирија коли:

Потребни состојки:

300 г корен од целер со лист
2 цели лимони
1 литар вода

Постапка:

Целерот се мие и се лупи, па се блендира заедно со лимонот заедно со кората, па се прелива со 1 литар зовриена вода. Се остава поклопено преку цела ноќ или 12 часа. Потоа се процедува и се пие 4 дена по ред, по една шолја наутро на гладно.

Претходна статијаОвој прашок за перење алишта е чудо! Тукушто ги извадив алиштата – побели не биле никогаш!
Следна статијаЛеб од тиква со форма на тиква – многу вкусен леб и декоративен кој ќе биде кралица на вашата трпеза