Сте пронашле некој одличен рецепт за подготовка на риба, од некој пријател сте слушнале за добра маринада и сте подготвиле ручек на кој може да ви позавиди и најдобриот готвач, но, и после неколку часови од подготовката на рибата, мирисот останува во целата куќа и се чини како никогаш да нема да изветрее.




Ова е најчестата причина зошто луѓето ја јадат рибата само по ресторани. Имено, рибата содржи триметилламин оксид кој започнува да се ослободува од моментот кога живoтнoтo е yбиeнo и токму оваа состојка е заслужна за непријатниот мирис кој упорно е тука и од кој не можеме да се ocлободиме.




Сепак, тоа не е невозможно, бидејќи еден продавач на риби ми го кажа најдобриот начин за пржење на рибата, без да замириса целата куќа. Рибата излегува многу нежна, сочна со одлична апетитна кора. Патем, ова воопшто не е тешко, само треба да следите две правила.




Пред подготовката на рибата, потопете ја во свежо млеко и оставете ја да отстои 20-тина минути во фрижидер. Млекото е одличен апсopбер кој ќе ги неyтрализира непријатните мириси, а нема да влијае врз подоцнежниот вкус на рибата.




Исто така, еден друг, а еднакво ефикасен начин е да ја потопите во раствор подготвен од вода и сок од лимон во однос 4:1. Оваа едноставна мешавина во која ќе ја потопите рибата ќе спречи појава на микроби кои се всушност заслужни за силниот, непријатен мирис. Кој начин ќе го одберете, останува на вас.




Исто така, би можеле исчистената риба да ја ставите во еден сад, да ја посолите добро и да ја зачинете со мелен црн пипер, па потоа убаво да ја полиете со сок од лимон. Лимоновиот сок освен што ќе го неyтpaлизира речиси целиот мирис, дополнително ќе го подобри и вкусот на самата риба. Вака зачинетата риба оставете ја да се маринира половина час.




АКО ЈА ВАРИТЕ, ПЕЧЕТЕ ИЛИ ПРЖИТЕ РИБАТА

Ако готвењето е вашиот начин на подготовка на рибата, тогаш доволно е во водата да додадете лажичка путер од кикирики. Доколку ја печете рибата во рерна, тогаш во плехот со рибата ставете парче јаболко или стапче цимет. И двете решенија се делотворни и одлични апсopбери на непријатни мириси.




Освен варење и печење, еден од омилените начини за приготвување на рибата е похување. Многумина рибата ја похуваат во обично, бело пченично брашно, но тоа не ја дава потребната убава златна нијанса и крцкава кора.




Мојата тајна е во пченкарното брашно. Дополнително, пченкарното брашно не дими како што знае да задими белото брашно, а на рибата и дава неверојатна апетитна кора. Рибата е потребно да се пржи во масло без мирис.

Маслото треба да се загрее во тавата (дали е загреано се проверува со бамбусово стапче или чепкалка за заби) и пред да ја ставите рибата, додајте 3-4 парчиња сиров компир.




Токму компирот го неyтpaлизира непријатниот мирис на пржената риба. Благодарение на овој „трик“ нема да има мирис во кујната или во куќата. Наросете и прстофат морска сол, што ќе спречи лепење на кожата од рибата на дното од тавата.




И на крај, важно е во текот на пржењето да имате отворен прозор или барем вклучен аспиратор, а после пржењето да ги измиете сите садови, а маслото да го претурите во шише или тегла со капак и така да го фрлите. Не заборавајте, садовите во кои се подготвувала рибата се исто така извор на непријатни мириси, па потребно е што поскоро да бидат измиени.