ХИТ РЕЦЕПТ ЗА 5 МИНУТИ: Ако имате 2 јајца пригответе го рецептот за кој цел свет зборува! Ако сте љубител на домашните печива, тогаш не пропуштајте го овој рецепт и пригответе си го, сите ќе бидат воодушевени…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

100 мл топла вода
100 мл топло млеко
2 лажици шеќер
8 г сув квасец
2 јајца
450 г брашно
1 лажичка сол
30 мл масло
кашкавал по потреба
1 јајце + 2 лажици млеко за премачкување

ПОСТАПКА:

1.Растворете го квасецот во мешавина од топла вода и млеко и шеќер. Покријте и оставете 10-тина минути на топло за да се активира и запени. Додајте 2 јајца на собна температура и изедначете.

2.Започнете постепено да го додавате брашното и солта. Замесете меко и малку лепливо тесто. Полите го со со маслото и уште малку домесете го за да се измазни (5 минути со растегнување низ работна површина за да добие еластичност).

3.Иако на почетокот е доста меко и лепливо, на крај ќе добиете убава и мазна топка. Оставете го во намастен сад, покријте го и оставете го на топло место за да ферментира 45-50 минути или колку што е потребно за да го удвои волуменот.

4.Стасаното тесто премесете го и поделете го на 4 топки. Покријте ги и оставете ги да одморат 20 минути.

5.По изминатото време земете едно од тестата и развлечете го со големина на чинија. Оставете го врз тепсија обложена со хартија за печење. Постапката повторете ја со преостанатите теста.

6.Тестата покријте ги и оставете ги да одморат 20 минути, а потоа со дрвено стапче избоцкајте ги.

7.Во секое дупче ставете мала коцкичка кашкавал, а одозгора премачкјате со изматено јајце во кое сте додале малку млеко.

8.Печете ги во загреана рерна на 180 степени, 25-30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.