ТЕПСИЈА-БУРЕК: Рецепт за пита со сирење со само 2 топчиња тесто без квасец! Крцкава и многу вкусна…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1,5 чаши топло млеко (300 мл)
60 мл цврст јогурт/к.павлака
1 кесичка прашок за печиво (10 г)
1,5 лажички сол
5 чаши брашно или по потреба

За премачкување на тестото:
150 г путер или маргарин
60 мл масло

За фил:
урда/сирење
магдонос

За премачкување на питата:
жолчка

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте ги млекото, јогуртот, прашокот за печиво и солта. Постепено додавајте брашно и замесете меко тесто што не се лепи за рака.

2.Тестото изработете го на набрашнета маса и поделете го на 2 еднакви делови. Обликувајте ги во топки и ставете ги во чинија, покријте ги и оставете ги да се одморат 10 минути.

3.Одморените теста развлечете ги во во тенки правоаглести кори. За да не ви лепи посипувајте брашно по потреба. Кората премачкјате ја со маснотија (растопен путер помешан со масло). Започнете со диплење.

4.Спротивните рабови се преклопуваат еден врз друг, се нанесува масло, а другите спротивни рабови се преклопуваат во средината за да се формира квадрат. Повторете ја постапката и со другото тесто.

5.Покријте ги со кеса и оставете ги да се одморат во фрижидер додека да го приготвите филот.

6.Можете да користите и фил по ваш вкус, а ние одбравме ситно сирење помешано со ситно сечкан магдонос.

7.Одмореното тесто ставете го на набрашнета површина и развлечете го во кора со големина на голем плех.

8.Намачкајте го тестото со маснотија (поставено на плех обложен со хартија за печење) и рамномерно распоредете го филот.

9.Одозгора поклопете со другото тесто и убаво затворете ги рабовите. Нанесете жолчка и со нож направете коси линии. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.