Овие мали погачици се прават за час и остануваат меки и кога ќе се оладат. Тестото е едно од подобрите и поквалитетните кои ги имам правено. Лепчињата може да ги правите слатки или солени, јас обично во нив додавам шеќер, но не се чувствува многу, а може да ставите и помалку.




На вкус се повеќе неутрални отколку слатки, па може да ги комбинирате со солени или слатки јадења. Однатре се шупливи и пенасти поради тестото кое е многу меко и одлично се растегнува. Еве кои состојки ќе ви бидат потребни:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 135 г компир, 150 мл вода, 150 мл млеко, 25 г бел шеќер (не мора, ако ги сакате солени), 3 г инстант квасец, 1 јајце, 3 г сол, 250 г брашно, 28 г несолен путер и семки по желба.




ПОСТАПКА: Kомпирот измијте го под млаз вода и излупете го. Исечете го на коцки, па потоа префрлете ги во тенџере. Излејте 150 мл вода и ставете го тенџерето на рингла, да се свари компирот и да омекне. За да се скрати постапката, доколку имате соодветна опција во микробрановата печка, сварете го компирот во неа за 4-5 минути.




По изминатото време, компирот процедете го од водата и оставете го малку да се олади, околу 3-4 минути. Потоа со виљушка испасирајте го за да добиете фина паста. Во пирето додајте 150 мл млеко и добро промешајте додека да ја добиете посакуваната густина.




Додајте го шеќерот, квасецот и солта и промешајте. Потоа во тестото ставате го јајцето (оставајќи малку настрана за подоцна), добро изедначете, па постепено започнете да го додавате брашното (околу 250 г брашно). Формирајте компактно тесто кое не треба да се распаѓа, ниту да се лепи.




Тестото оставете го во садот кај што првично го замесивте и покријте го со крпа или проѕирна фолија. Оставете да стасува на топло место околу 30 минути. По изминатото време, растопете го несолениот путер, додајте го во тестото и убаво вмешајте го во него.




Замесете фино и меко тесто, а потоа повторно оставете да отстои додека да ја удвои својата големина. По изминатото време, префрлете го тестото на набрашнета површина, малку размесете го и поделете го на два еднакви делови од кои треба да пресечете вкупно 10 или 12 парчиња.




Секој дел од тестото се размесува во топче и се става во вдлабнатината од еден калап за мафини (нелеплив и претходно намастен). На ист начин се подготвуваат и останатите теста. Питата може да ја подготвувате и во една голема тава, ако ги наредите топчињата од тесто како погача.

Пред да се стават на печење, тестата се оставаат да одморат уште 30-45 минути, а потоа се премачкуваат со остатокот од јајцето и по желба се наросуваат со семки. Се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, 15-18 минути. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.