Многумина подготвено ја пречекаа временската пресвртница и заладувањето, последниот “удар” на благата зима во Европа, пишува SevereWether.eu.

Овој временски обрзец после тоа ќе доведе до неочекувано екстремни високи температури, особено во појужните делови на континетот – ќе биде дури за 15 степени потопло од нормалното. Се очекува дека термометарот ќе расте и до 25 степени!

Ова е резултат на средбата на два фронтови од кои едниот е оној над Европа, а другиот кој се шири над Антлантикот и се простира кон Медитеранот.

Особено ќе биде погоден Балканот, особено од денес натаму, додека на западниот дел од Европа ќе владее многу постудено време.

Позитивно температурно отстапување се очекува во сите недели до 1.март и почетокот на пролетта.

Очекувано е во Русија да има најголемо температурно отстапување. Тоа не значи дека нема да има краткотрајни можности или дури и циклони кои може да донесат снег, но од големите зимски сценарија се чини дека веќе нема да има.

На ова во прилог оди и фактот дека се предвидуваат и помалку врнежи од просечното, што значи дека продолжува топлата антициклонска доминација.

Со оглед на тоа што над поголемиот дел од Европа и Азија ќе се задржи висок воздушен притисок, и во текот на февруари на тоа подрачје се очекуваат температури над просекот за тој период од годината.

Тоа значи дека дополнително ќе се зголеми веројатноста дека над континенталната Европа нема да има вистинско зимно време.

Како што напоменуваат метеоролозите, секогаш постои можност од транзициски студен бран, но според моменталните анализи за тоа постои многу мала шанса.

Како што навлегуваме во февруари, така поларниот вртлог полека губи на сила и било каква поголема промена во динамиката, во смисла, доаѓање на студен воздух, би била предоцнета за создавање на одржлив образец за ладно време.

Со оглед на високиот воздушен притисок, и во март, април и мај во Европа и Азија се очекуваат температури повисоки од просечните за овој период од годината.

Што се однесува до врнежите, на југот од Европа се очекува посуво време. Континентална Европа би требало да има просечни количини на врнежи, што значи дека не се очекуваат долготрајни сушни периоди. Нискиот воздушен притисок над Атлантикот би можел да доведе до поголема количина врнежи во централна и северна Европа.