Повеќето од нас што немаат машина за сушење на алиштата, истите ги сушат во станот или на тераса, на позната “жица за сушење алишта”.

Меѓутоа, една корисничка на социјалната мрежа Reddit открила еден трик кој редовно го користела за што повеќе алишта да закачи на жицата за сушење.

Сите беа воодушевени кога го видоа овој метод.

Имено, нејзиниот метод се состои во тоа што користи штипки и алиштата не ги префрла преку жицата, туку го реди токму како што е прикажано на фотографијата, со што максимално го користи просторот. На овој начин алиштата заземаат најмал простор, а воедно и уредно се наредени.

На повеќето им се допадна овој трик и одлучија да го искористат, особено кога станува збор за помали парчиња облека, како што се маици и суќни.

Меѓутоа, имаше и такви корисници кои тврдеа дека овој начин не е препорачлив, бидејќи меѓу облеката има помал слободен простор за доток на воздух, па поради тоа алиштата поспоро ќе се сушеле.