Нов метод за домашни ѓевречиња: Без комплицирање, а резултатот е совршен
Најмеките домашни ѓевречиња што сум ги пробала – едноставен и практичен рецепт
Доколку сакате домашни печива што изгледаат богато, а се подготвуваат многу полесно отколку што мислите, овие ѓевречиња ќе ве воодушеват.
Благодарение на интересниот начин на развлекување и виткање, тестото добива прекрасни слоеви, а резултатот е неверојатно меко и воздушесто печиво.
Одлични се за појадок, семејна вечера или како домашна закуска со јогурт, сирење и различни намази, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


Потребни состојки:
За тестото:
* 400 мл вода
* 10 г сув квасец
* 3 супени лажици шеќер
* 500–550 г брашно
* 1 лажичка сол
* 70 г путер
За премачкување:
* 150 г путер на собна температура
За одозгора:
* 1 жолчка
* 1 супена лажица млеко или масло


Постапка:
Во подлабок сад сипете ја млаката вода, додајте го сувиот квасец и шеќерот, па кратко промешајте. Постепено додајте го брашното и солта, па замесете меко тесто.
Во тестото додајте 70 г омекнат путер и месете додека да стане мазно и еластично. Оставете го кратко да одмори, па поделете го на 12 еднакви топчиња.
Секое топче обликувајте го мазно, покријте ги и оставете ги да одморат околу 10 минути.
Потоа, по три топчиња развлекувајте ги во долгнавести овални кори. Премачкајте ги преку целата површина со омекнат путер.
Трите кори виткајте ги истовремено со сукалото, така што ќе добиете ролнички околу него. Направете засек по должина и внимателно извадете го сукалото.
Секоја кора пресечете ја на половина за да добиете тенки ленти. Редете по две една врз друга, па нежно растегнете ги и виткајте ги спирално. Спојте ги краевите за да добиете форма на прстен.
Вака подготвените ѓевречиња редете ги во плех обложен со хартија за печење. Покријте ги со кеса или крпа и оставете ги убаво да нараснат.
Изматете жолчка со малку млеко или масло и премачкајте ги ѓевречињата. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени додека да добијат златнорумена боја.
Послужете ги топли, со сирење, јогурт или омилен намаз.
Совети за совршен резултат:
* За уште помек вкус, користете квалитетен путер наместо маргарин.
* Тестото треба да биде меко, но да не се лепи премногу.
* Домашните печива најдобро успеваат кога тестото има доволно време да нарасне.
* Овие ѓевречиња се одлични и за замрзнување и брз појадок во текот на неделата.
* Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:



































