Домашен рецепт за тарана подготвена во блендер
Тараната е традиционално јадење што носи топлина и едноставност на трпезата. Овој рецепт за домашна тарана, подготвена со помош на блендер, е брз, лесен и идеален за сите што сакаат да создадат вкусна храна за своите најблиски.
Со минимален напор и неколку основни состојки, ќе добиете квалитетна тарана што може да се чува и користи за различни јадења, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
– 1 јајце
– 150 г бело брашно
– 50 г гриз
– 2 супени лажици млеко или јогурт
– 1/4 лажичка сол
– НМД

Постапка
1. Во садот на блендер (како Nutribullet) ставете го јајцето, солта, млекото или јогуртот, гризот и брашното.
2. Вклучете го блендерот на кратки импулси од 2-3 секунди за да се соединат состојките. Протресете го садот за да се изедначи смесата, па повторно блендирајте уште 2 секунди.
3. Добиената смеса рамномерно распоредете ја во тенок слој врз чисти кујнски крпи.
4. Покријте ја со газа и оставете ја да се суши на сонце или на проветно место во домот, со повремено промешување.
5. Откако тараната целосно ќе се исуши, соберете ја во платнени вреќи за чување.
Напомена
Овој рецепт е основен и прилагодлив. Наведените количини се доволни за една порција во зависност од капацитетот на блендерот.
За поголеми количества, како на пример тарана од 10 јајца, повторете ја постапката повеќе пати според вашите потреби. Рецепт и фото на Катерина Наскова.












