Нугат со ореви и бадеми – совршен празничен десерт
Овој рецепт за нугат е идеален за празничните моменти или за секоја пригода кога сакате да ги изненадите вашите блиски со вкусен, домашен десерт.
Без печење и без брашно, овој нугат се топи во уста, нудејќи совршена комбинација од крцкави ореви, ароматични бадеми и слатка текстура.
Подгответе го лесно и уживајте во задоволството што го носи овој деликатес, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 100 г бадеми
– 75 г ореви
– 125 г шеќер
– 125 г мед
– 1 белка од јајце
– 50 г брусници (по желба)
– Малку масло за премачкување на калапот
– Шеќер во прав за посипување
– НМД

Постапка:
1. Ставете ги бадемите во сад и прелијте ги со врела вода. Варете ги 3 минути, а потоа процедете ги и отстранете ја кафеавата лушпа.
2. Во сува тава, пропржете ги бадемите неколку минути со постојано мешање за да се исушат, да станат крцкави и да добијат пријатен мирис. Оставете ги настрана.
3. Во истата тава, пропржете ги оревите неколку минути и додајте ги кон бадемите.
4. Во сува тава, ставете го шеќерот и медот. Гответе на средна температура, мешајќи додека шеќерот целосно се растопи. Намалете на тивок оган и продолжете да готвите.
За да проверите дали сирупот е готов, земете една лажичка од сирупот и ставете ја во ладна вода – ако формира мека топка, сирупот е подготвен.
5. Пreмaчкајте калап со димензии 22×9 cm со малку масло и посипете го со шеќер во прав.
6. Со миксер, изматете ја белката додека се претвори во цврст снег.
7. Откако сирупот ќе ја достигне посакуваната конзистенција, тргнете го од оган. Постепено додавајте од цврстиот снег од белка во сирупот, постојано мешајќи со шпатула.
На крај, енергично измешајте со жица за да ја измазните смесата.
8. Додајте ги бадемите, оревите и брусниците во смесата и добро промешајте за состојките рамномерно да се распределат.
9. Префрлете ја смесата во подготвениот калап и израмнете ја.
10. Оставете го нугаот во фрижидер 12 часа за да се стегне.
11. Извадете го од калапот, исечете го на штангли и послужете го.
Уживајте во овој неодолив десерт што ќе ги воодушеви сите љубители на слатки задоволства! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:
https://www.youtube.com/watch?v=C2BUVYowryw












