Брзи лепињи со јогурт и кашкавал – на децата им се омилени

Потребни состојки:

500 г меко брашно

1 јајце

250 мл вода

½ коцка квасец

3 лажици масло

1 лажица шеќер

1 лажица сол

За премачкување:

200 мл кисела павлака/цврст јогурт

1 јајце

1 лажица масло

Оригано/власец/сол

100 г кашкавал

Постапка:

Од наведените состојки замесете меко тесто и оставете го да кисне еден час.

Тестото е доста меко па набрашнете ја добро површината на која ќе ги формирате лепињите, отприлика 10-12 парчиња.

Секоја лепиња премачкајте ја со смеса од јогурт и јајца, зачини, па наросете рендан кашкавал.

Оставете ги да отстојат 10 минути, па печете ги на 220 степени, околу 10 минути во претходно загреана рерна.

Послужете ги топли со јогурт или кисело млеко.

Претходна статијаБрз сочен колач – за приготвување ќе одвоите цели 5 минути
Следна статијаНАЈДОБРАТА РУСКА САЛАТА