Home ТЕСТО БРЗИ КРОФНИ ОД РЕРНА…Растат огромни, без пржење во длабоко масло! Печени облачиња,...

БРЗИ КРОФНИ ОД РЕРНА…Растат огромни, без пржење во длабоко масло! Печени облачиња, без масло, а со мноогу вкус!

БРЗИ КРОФНИ ОД РЕРНА…Растат огромни, без пржење во длабоко масло!

Печени облачиња, без масло, а со мноогу вкус!

Замислете си меки, воздушести крофни полнети со чоколадо, испечени во рерна без ниту капка масло, а сепак неодоливо вкусни, пишува НМД.

Овој рецепт е совршен за сите љубители на слатки кои сакаат поздрава верзија на омилената класика – подготвени за двојна мера, затоа што една никогаш не е доволна!

Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 1 јајце (на собна температура)
– 200 мл млако млеко
– 420 г брашно
– 1 лажица сув квасец (1 кесичка)
– 1 лажичка шеќер
– 30 мл масло
– 1 прстофат сол
– Рендана кора од портокал
– Крем од чоколадо (нутела или по ваш избор) или мармалад
– Кокос за наросување
За премачкување: 1 жолчка + 1 лажица млеко
По желба: џем и шеќер во прав за декорација

ПОСТАПКАТА опишана во детали со фотографии можете да ја прочитате ОВДЕ:

ДОМАШНИ КРОФНИ ОД РЕРНА: Печени без капка масло, а подеднакво се меки и воздушести – ќе ги правите во двојна мера

Во сад растворете го квасецот во млако млеко со шеќерот и мешајте додека се соединат. Додајте ги течните состојки:

Изматете го јајцето со виљушка, па додајте го во смесата заедно со маслото и ренданата кора од портокал. Промешајте.

Постепено додавајте го брашното и прстофат сол, мешајќи со лажица. Кога тестото ќе згусне, замесете го со рака додека да стане меко и мазно.

Ставете го тестото во чист сад, покријте го со стреч-фолија и крпа, па оставете го на топло место околу 1 час да го удвои волуменот.

За љубителите на крофни, еве многу поздрав рецепт – Совршени крофни од рерна, без капка масло

Лесно премесете го стасаното тесто и поделете го на 9 дела. Од секој дел направете топче, оставете ги да одморат 10 минути, па развлечете ги малку со рака или оклагија.

Во средината на секое топче ставете чоколаден крем или фил по желба, па затворете ги повторно во топчиња.

Наредете ги во плех со хартија за печење, нежно притиснете ги со дланка, покријте ги и оставете ги да стасуваат уште 20 минути. Премачкајте ги со смеса од жолчка и млеко.

Загрејте ја рерната на 170-180°C и печете ги крофните околу 20 минути додека заруменат. Оладените крофни премачкајте ги со џем, наросете ги со кокос или шеќер во прав по желба.

Уживајте во овие чоколадни облачиња што топат срца – совршени за секој момент од денот! Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: