Здраво на сите, денес сакам да ви го претставам овој многу едноставен рецепт за приготвување на тесто без месење. Доволно е само добро да се измеша со шпатула или лажица, а од него потоа се формираат мали топчиња, кои кога ќе се испечат се толку вкусни и меки како памук, што нема да зажалите што сте го испробале токму мојот рецепт.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чаша млеко (200 мл), 1 супена лажица шеќер (20 г0, 1 мала лажичка сув квасец (5 г), 1/2 мала лажичка сол (4 г), 1 супена лажица маслиново или друго масло за готвење (10 мл), 2 чаши брашно (240 г), за премачкување 10 г путер (1 мала лажичка). печивото се пече околу 15-20 минути на 180 степени, а за мерење се користи стандардна чаша за вода од 200 мл.




ПОСТАПКА: Во еден сад ставете 200 мл млако млеко, додајте 5 г сув квасец (половина кесичка или една чајна лажичка), една супена лажица шеќер (10 г) и една супена лажица маслиново масло (10 мл).




Добро промешајте со шпатула или лажица за да се растворат состојките и добро да се изедначат. Може да го оставите квасецот 10-тина минути на топло да се активира и запени, а можете и веднаш да продолжите со постапката.




Во течните состојки започнете постепено да додавате 240 г претходно просеано брашно, додека постојано мешате со шпатулата. Во прашното додајте и половина лажичка сол (солта никогаш не се додава директно во квасецот, туку во брашното, за да не ја спречи неговата ферментација).




Добро промешајте и „месете“ со шпатулата додека да добиете меко и малку лепливо тесто. „Месењето“ всушност се одвива со превртување на тестото и притискање со шпатулата, сè додека тоа да започне самото да се одвојува од ѕидовите на садот.




Вака изработеното тесто покријте го со кеса или проѕирна фолија и оставете го на топло место или собна температура без провев, да стасува еден час за да може убаво да ферментира и да го удвои волуменот.




По изминатото време тестото малку премесете го со кујнска шпатула и истресете го врз малку набрашнета работна површина. Продолжете го „месењето“ со шпатулата, додека да формирате топка или векна која не се лепи на подлогата.




Потоа со помош на прстите постепено развлечете го во правоаголна форма, па продолжете со оглагија додека да добиете средно дебела кора. Со помош на шпатулата исечете ја кората на мали квадратчиња, а од секое парче потоа формирајте топче.




Топчињата наредете ги во плех обложен со хартија, едно до друго. Топчињата може да бидат и со различна големина и не е важен редоследот на редење. Откако ќе ги наредите, „меурестиот леб“ покријте го со кеса и кујнска крпа, па оставете да стасува 15-тина минути.




Стасаните топчиња одозгора премачкјате ги со млеко (со силиконска чештка), па ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени. Печивото се пече околу 15-20 минути, додека да зарумени.

Додека се топли печените ечива премачкјате ги со растопен путер и оставете малку да се подизладат пред послужување. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.