ИШЛЕРИ: ВКУСНИ СТАРИНСКИ КОЛАЧИЊА БЕЗ ЧЕКАЊЕ КОИ ЌЕ ГИ ПРАВИТЕ ВО ДВОЈНА ДОЗА, многу се вкусни. Нема кој од нас не јадел ишлери како мал, а на нашите баби веројатно им било најлесно да ги подготвуваат, па секогаш кога сме оделе кај нив имало куп ишлери на масата.




Ние ќе ви претставиме два рецепти за ишлери, а вие одлучете кој рецепт ќе го направите. Ова се многу вкусни колачи кои можат долго да стојат, без да се исушат или расипат.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за тесто: 250 г маргарин, 5 лажици шеќер, 1 јајце, 2 жолчки, 250 г мелени пропечени лешници, брашно по потреба. За фил: 3 жолчки, 150 г шеќер во прав, 50 г чоколадо. За глазура: 50 г чоколадо, 1 лажичка маргарин или масло.




ПОСТАПКА: За подготовка на тестото, најпрво маргаринот треба да го изматите пенасто со шеќерот, па едно по едно се додаваат јајцето и жолчките и се мати додека да се хомогенизира смесата.




Потоа се додаваат лешниците и со брашно се замесува тесто од кое треба со оклагија да се направи кора 1/2 цм дебела. Од неа со чашка за ракија се вадат погачици кои се редат на намастен плех и се печат на средна температура да останат бели.




Потоа половина од погачиците со едната страна се ,,макнуваат” во стопеното чоколадо, па откако ќе се изладат, една глазирана и една бела погачица се лепат една со друга.




За фил: Чоколадото се растопува на пареа па во него матејќи со миксер се вмешуваат жолчките една по една наизменично со шеќерот во прав. За глазура: Во мал сад на преа се топи чоколадото со маргаринот или маслото.




II РЕЦЕПТ. Фото и рецепт на Вукица. Потребни состојки: 200 г путер, 300 г + 2 лажици брашно, 100 г шеќер во прав, 2 жолчки, 4 лажици какао. За фил: 500 мл слатка павлака, 200 г чоколадо за готвење, 1 лажица масло.




Постапка: Путерот на собна температура изматете го пенасто, додајте шеќер во прав, продолжете со матење, па на крај додајте ги и жолчките. Матете додека да се изедначи смесата.

На страна измешајте го брашното со какаото, па постепено додавајте го во претходната смеса со непрекинато матење. На крај треба да добиете мазно тесто. Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер да се стегне и олади околу половина час.




На работната површина наросете малку брашно и развлечете кора. Со чаша или тркалезен калап 3-5 цм вадете кругови и редете во плех обложен со хартија за печење. Ставете ги во претходно загреана рерна на 180 степени и печете ги 15-тина минути.



За фил: Загрејте ја слатката павлака и пред зовривање тргнете го садот настрана. Додајте го искршеното чоколадо на коцки и мешајте додека тоа да се растопи и соедини. Оставете го филот да се олади, а потоа спојувајте по две изладени кекси. Потоа можете да го изматите филот ако сакате да добиете повоздушест крем.

50 г чоколадо растопете со малку масло, па натопувајте ја едната страна од колачето и украсете по желба. Јас секогаш правам двојна доза зошто веднаш штом ги направам овие колачиња – исчезнуваат додека да трепнеш. / Вукица / Сооlinarika.com

Фото и рецепт: Вукица
Фото и рецепт: Вукица