БАДНИКОВО ЛЕПЧЕ со крстена вода и сув босилек

Фото и рецепт: Ditka Cavlevska – За Бадник се прави посно лепче. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г просеано брашно, 1/2 квасец претходно активиран, 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер, малку сув босилек, малку крстена вода, 50 мл масло, мака вода по потреба (околу една чаша).

Постапка: За Бадник се прави посно лепче. Се активира квасецот во млака вода со малку шеќер и брашно, па од состојките се замесува меко тесто. Се остава на топло да кисне околу 45 минути, потоа нежно се премесува, па се остава уште еднаш да кисне.

Формирајте го лепчето и декорирајте го со форми по желба, покријте го со крпа во обложениот со хартија или набрашнет плех да одмори малку пред печење за да стаса. Премачкајте со маслиново масло и печете во загреана рерна на 200 степени околу 30-40 минути.

Фото и рецепт: Ditka Cavlevska

Претходна статијаОбланди за 7 минути: најдобриот и најбрзиот рецепт
Следна статијаПосна БАЈАДЕРА за БАДНИК