Арапски леб од гриз: толку ќе ви се допадне, што постојано ќе го правите

Одвнатре меко, однадвор крцкаво – многу вкусно лепче.

Потребни состојки:

500 г гриз
30 г квасец
2 лажици брашно
½ шолја маслиново масло
½ лажичка сол
1 жолчка
вода

Постапка:

Под објаснувањето погледнете го видеото со деталната постапка околу месењето.

Во подлабок сад ставете гриз, брашно, квасец, маслиново масло и сол. Постепено додавајте вода и замесете еластично тесто.

Месете енергично околу 10 минути, а потоа оставете го 40-тина минути да кисне. Стасаното тесто поделете го на неколку топчиња, во зависност од тоа колкави сакате да ви бидат лепчињата. Оставете ги 10-тина минути да отстојат, па со раката развлечете ги во тркалезна форма и редете ги во намастен плех. Покријте ги со крпа и оставете ги да отстојат на топло уште 40-тина минути.

Потоа премачкајте ги одозгора со жолчка измешана со малку вода или млеко, па печете ги во многу загреана рерна (фурна) и наросете со малку гриз. – овој чекор го нема во видеото.

Проверете дали внатре се печени со помош на остар нож или игла. Можете и да ги превртите за да се испечат рамномерно насекаде. Печените лепчиња оставете ги малку да изладат, па послужете ги топли (или оставете ги целосно да изладат, па загрејте ги повторно во рерна).

Деталите погледнете ги во видеото:

Loading...