Превртен колач со јаболка, сочен, миризлив, се топи во уста

Многу вкусен колач, сите ќе ви бараат рецепт.

Потребни состојки:

1,5 кг јаболка
100 г суво грозје
19 лажици шеќер
2 лажички цимет
50 г путер
5 јајца
100 мл млеко
100 мл масло
8 лажици брашно
1 прашок за печиво
200 мл вода
2 шлаг пени
ореви

Постапка:

Јаболката убаво измијте ги, излупете ги, исчистете ги од семки и исечете ги на парчиња. Во помала тепсија обложена со хартија наредете ги парчињата јаболка на дното, а одозгора наросете ги со суво грозје претходно 15-тина минути натопено во вода со малку рум.

Рамномерно распоредете десет лажици шеќер, две лажички цимет и 50 г рендан путер (или исечкан на тенки ленти).

Ставете да се пече 40 минути во загреана рерна на 180 степени.

Посебно изматете пет белки, па додадете 9 лажици шеќер и продолжете со матење додека да добиете цврст снег. Во белките додадете 5 жолчки, изматете, па 100 мл млеко и на крај 100 мл масло.

Во добиената смеса додадете 8 лажици брашно и еден прашок за печиво, па со лажица или шпатула полека промешајте и изедначете.

Смесата излејте ја преку печените јаболка и израмнете. Продолжете со печење уште 20 минути. Потоа тепсијата одозгора обложете ја со алуминиумска фолија и продолжете со печење уште 20 минути.

Печениот колач превртете го врз тацната за послужување. Во 200 мл вода изматете две шлаг пени и декорирајте го колачот одозгора. Наросете со ореви и ставете го во фрижидер добро да излади.

Деталите можете да ги погледнете во видеото:

Loading...