Хороскоп за 21.08.2018
ОВЕН
Веќе подолго време срцето ви трепери поради една особа. Можно е да побара остварување на контакт. Добро размислете дали е добро за вас да отпочнувате врска со ова лице.
БИК
Внимавајте што ќе сонувате вечерва, сонот ќе биде пророчки!
Веднаш запишете го и побарајте толкување, а доколку е позитивен – погледнете во чист ѕид за да ви се исполни!
БЛИЗНАЦИ
Можно е да ве изнервира партнерот или некое блиско лице и иако ќе ви зоврие крвта поради тоа, земете здив, обидете се да се смирите, затоа што може да кажете нешто за што ќе се каете. Не е толку страшна работата за да реагирате така.
РАК
На работа ве очекува неволја. Ќе бидете неправедно наклеветени и тука не можете ништо да сторите. Од вас ништо не зависи, бидејќи клеветата е темелно и подло смислувана од некој што ви се прави за пријател. Ќе ве спаси токму човекот на кого ќе му бидат кажани лагите, бидејќи нема да поверува во нив!
ЛАВ
Случајно ќе здогледате некое парче облека во излогот, но ќе се двоумите дали да го купите бидејќи цената ќе биде висока. Доколку сте во финансиска можност направете си кеф и купете го тоа парче, бидејќи уште многу долго потоа ќе мислите на него. По некое време ќе се вратите да го купите, но ќе биде продадено.
ДЕВИЦА
Ќе сретнете некој за кој ќе помислите дека од некаде го познавате. Тоа е лице од вашиот претходен живот кое било во многу тесна врска со вас, а сега повторно се среќавате за да расчистите недовршени сметки. Отворете четири очи!
ВАГА
Што и да планиравте за денес и за следниве неколку дена – откажете и одложете за следната недела. Ако сега го направите тоа – има голема можност да биде неуспешно. Потребно е да се сетите на уште една ситница која треба да ја поправите за да доживеете успех.
СКОРПИЈА
Ако имате деца, внимавајте – едно од вашите деца има мака која ја крие, а токму денес или овие неколку наредни денови може да му се случи нешто лошо. Доколку немате деца – некој кој ви е многу близок има некаков проблем за кој не сака да зборува. Мора да се обидете да му помогнете, бидејќи само вие можете!
СТРЕЛЕЦ
Внимавајте, внимавајте, внимавајте! Си играте со оган, а вие најдобро си знаете со каков оган. Мора да застанете и да размислете што правите и во кој правец одите! Размислете што е добро за вас, а ова што го правите, сигурно нема ништо добро да ви донесе.
ЈАРЕЦ
Како и секогаш – знаете добро и темелно да размислите пред да ги вложите своите пари во некоја зделка. Но пред да дадете пари на заем, трипати размислете дали правилно постапувате. Човекот кој ќе дојде кај вас деновиве да бара заем, ќе ве излаже за намерите и нема да ви ги врати парите.
ВОДОЛИЈА
Ќе добиете една радосна но и една тажна вест. Исто така, можна е и кавга со некој од соседите. Вие одлучите колку ќе дозволите негативните и небитните нешта да допрат до вас.
РИБИ
Не се плеткајте во кујната. Одбегнувајте средба со едно лице кое ќе инсистира да се видите. Не зборувајте многу, може да ви излетаат работи кои не смеат другите да ги знаат. Наострете ги сите сетила и бидете многу внимателни. Утрешниот ден за вас е светлечка реклама која трепка со зборот: ЗАМКА!