Рецепт за погача која нема шанси да не ви успее! Превкусна и декоративна..

Потребни состојки:

  • 1 кг брашно
  • 2 јајца
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица сол
  • 100 мл масло
  • 2 ди-го квасец (сув)

За фил:

  • 300 г сирење+павлака
  • 1 белка
  • малку сол

Постапка:

Прво ставете го квасецот во малку млеко, со лажица шеќер, лажица брашно и оставете да надојде. Во брашното додадете лажица сол, јајце, квасец, масло, малку загреано – 500 мл (половина млеко, половина вода) и замесете тесто кое ќе го оставите на топло да се удвои. Кога тестото е стасано, префрлете го на работна површина и од него извадете 28 топчиња.

Топчињата оставете ги малку да одморат (околу 20 мин), 27 топчиња развијте ги како пекарски кифли. Во секоја кифла ставете по малку сирење. Завиткајте ја кифлата и пресечете ја на половина, но накосо.

Јас ги редев во тепсија бр.30, обложена со хартија за печење. Во првиот ред се редат 22 половинки, а пресечениот дел оди однадвор, покрај самиот раб на тепсијата.

Вториот дел го редиме исто, 18 половинки, пресечениот дел се реди околу, но малку кон средината на кругот го наведнуваме. Во центарот се става тоа едно топче кое останува и на крај ги редиме преостанатите 14 половинки околу кругот, лесно ги редиме.

Се остава уште малку да надојде, се прекрива со проѕирна фолија околу 20 минути да отстои на топло.

Се премачкува со жолчка и се наросува со сусам, ленено семе (колку што сакате, а може и со други семки). Се пече на 200 степени околу 40 минути, во зависност од рерната. Ставете алуминиумска фолија одозгора кога ќе порумени одозгора. Кога е печена премалкајте ја со масло и можете да ја служите топла.