Фото и рецепт: Босилка Николиќ. Потребни состојки: 150 мл млеко, 150 мл вода, 3 лажици шеќер, 2 лажички сув квасец, ½ рамна лажичка сол, околу 400 г брашно и 100 мл масло. Постапка: Квасецот со шеќер и половина лажица брашно потопете го млако млеко и промешајте убаво да се изедначи.
Оставете го поклопено 10-тина минути за да се активира, па во него додадете млака вода, масло и сол, па со жица за матење убаво изедначете. Во оваа течна смеса постепено додавајте го брашното и мешајте додека да добиете меко тесто кое помалку се лепи. Но, тестото не треба да биде премногу меко и да лепи, туку убаво мазно тесто, помеко од вообичаено.
Вака замесеното тесто оставете го еден час да стасува, па кога ќе удвои својот волумен, на набрашнета работна површина кинете тесто и дормирајте топчиња. Оставете ги покриени да отстојат додека со конец го врзувате секое топче за да добие облик на тиква (конецот се вади после печењето).
Кога сите топчиња ќе ги врзете со конец, оставете ги уште малку да стасуваат, па префрлете ги во плех обложен со хартија и премачкајте ги со мешавина од жолчка и млеко. Печете ги во загреана рерна на 180 степени, околу 20-тина минути или додека убаво да заруменат.
Фото и рецепт: Босилка Николиќ