КУГЛОФ СО ФИЛ ОД ОРЕВИ И ЧОКОЛАДО… Многу вкусна, се двои на топчиња…Фото: Нарциса Мујкиќ

Идејата е оригинална, се приготвува од обично стасано тесто, но добивате извонреден куглоф со топчиња. Филот можете да го правите со ореви или со мак, постапката е иста.

Потребни состојки:

500 г брашно тип 400 (+-)
120 г путер/маргарин или маст
1 коцка квасец
1 лажичка шеќер
250 мл млеко
60 г шеќер

ФИЛ од ореви и чоколадо:

250 г мелени ореви
50 г рендано чоколадо
100 мл млеко
3 лажици шеќер
20 г путер/маргарин

Постапка:

Загрејте го млекото да биде млако, одвојте малку, додајте лажичка шеќер и во него растворете го квасецот.

Преостанатото млеко ставете го во сад и во така подгреано додајте омекнат путер и мешајте додека целиот да се растопи.

Додајте брашно, шеќер и на крај активираниот квасец и промешајте. Замесете тесто и оставете го да ферментира додека да го удвои волуменот.

За тоа време пригответе го филот:

Оревите измешајте ги со шеќер и додајте крупно рендано чоколадо. Млекото загрејте го да биде врело и додадете путер во него да се растопи.

Така врело истурете го врз оревите и чоколадото и промешајте. Мешајте додека смесата да се изедначи.

Стасаното тесто премесете го и поделете го на два дела. Тестото со оклагија развлечете го во поголем квадрат. Исечете го на ленти, па на квадрати. Во секој квадрат ставете лажичка фил и свиткајте во топче.

Вака приготвените топчиња редете ги во намастен калап за куглоф.

Печете во загреана рерна 15 минути 180 степени а потоа печете уште 40 минути на 150 степени (или прилагодете го печењето според вашата рерна), а пред крај покријте го со алу-фолија за да не изгори горниот дел..

Фото: Нарциса Мујкиќ