Home Посно јадење Домашни мекици со врела вода: Старински трик без квасец за совршени меурчиња

Домашни мекици со врела вода: Старински трик без квасец за совршени меурчиња

Домашни крцкави мекици со врела вода без квасец наредени во чинија
Брзи и меки домашни мекици со меурчиња направени само од брашно и вода.

Крцкави мекици без квасец и без рерна: Стар трик со зовриена вода и брашно што сите го пробуваат

Ако барате брз, економичен и вкусен рецепт што може да го подготвувате речиси секој ден, овие домашни мекици се вистински погодок.

Се прават без квасец и без рерна, а комбинацијата од врела вода и брашно создава тесто што при пржењето се дуе, формира меурчиња и добива совршено крцкава кора.

Одлични се за појадок, вечера или ужина, а може да се послужат со сирење, јогурт, ајвар, мед или намази по избор, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

посни мекиципосни мекици

Потребни состојки:

* 250 мл вода
* 1/2 лажичка сол
* 300 г брашно
* масло за пржење
* НМД

Домашни крцкави мекици со врела вода без квасец наредени во чинија
Брзи и меки домашни мекици со меурчиња направени само од брашно и вода.

Постапка:

Во тенџере сипете ја водата и додајте ја солта. Загревајте на средно силна температура додека да зоврие.

Штом водата ќе почне да врие, додајте го брашното одеднаш и мешајте непрекинато. Смесата прво ќе стане трошкаста и ќе формира грутки, слично на урда, што е сосема нормално.

Претурете ја смесата во друг сад и оставете кратко да се олади за да може да се меси со рака. Потоа измесете компактно тесто. Тестото е малку потврдо, па потребно е добро месење додека да стане мазно.

Покријте го тестото и оставете да одмори околу 20 минути. Овој чекор е важен за тестото да се опушти и полесно да се развлекува.

На набрашнета површина малку сплескајте го тестото и поделете го на 16 еднакви делови. Од секое парче формирајте топче, а потоа со раце или сукало развлекувајте тенка кора со дијаметар од околу 10 сантиметри.

Во длабока тава загрејте масло. Спуштајте ги мекиците во врелото масло и пржете околу 30 до 45 секунди од едната страна. Потоа превртете ги и пржете уште кратко од другата страна.

Додека се пржат, со лажица поливајте ги со врело масло. Така убаво ќе се дујат и ќе формираат многу крцкави меурчиња.

Послужете ги топли, додека се највкусни.

Совет плус:

За уште подобар вкус, мекиците може да ги комбинирате со домашни млечни производи, намази, сезонски салати или топол појадок.

Ваквите едноставни рецепти се одличен избор за семејства што бараат брзи и практични идеи за домашна исхрана.

Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ: