Совршен домашен милиброд (козињак) – мек како душа и полн со вкус за Велигден
Велигденските празници не можат да се замислат без мирисот на свежо печен милиброд (козињак) кој се шири низ домот.
Овој традиционален рецепт комбинира нежна текстура, богати филови и совршена мекост која трае со денови.
Подолу ќе го најдете проверениот начин за подготовка – идеален и за почетници и за искусни домаќинки кои сакаат сигурен резултат, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


Потребни состојки
За тесто:
• 1 кесичка сув квасец
• 2 јајца
• 150 г шеќер
• 150 г растопен путер
• 300 мл млеко
• 800 г брашно
За фил:
• 150 г желе бомбони
• 150 г суво овошје
• 150 г џем
• НМД
Дополнително:
• 1 јајце (или 1 жолчка + 1 лажица млеко) за премачкување

Постапка
Во длабоко тенџере или сад, сипете го млекото (млако), додајте го сувиот квасец и шеќерот, па оставете неколку минути додека да се активира.
Потоа додајте ги јајцата и растопениот путер, па постепено додајте го брашното и замесете меко, еластично тесто. Покријте и оставете го да нарасне на топло место додека да го удвои волуменот (околу 1 час).
Нараснатото тесто поделете го на 6 еднакви делови. Секој дел развлечете го во правоаголна кора. Или, развлечете една голема правоаголна кора, па исечете ја на 6 дела.
На секоја кора додајте фил по желба – комбинација од суво овошје, желе бомбони или џем. Завиткајте во долгнавести ролати, лесно заcучете ги за да добијат „конци“, па сплетете две плетенки од по 3 ленти.
Плетенките ставете ги во плех обложен со хартија за печење и оставете ги повторно да нараснат додека да го зголемат волуменот.
Премачкајте со јајце и печете во претходно загреана рерна на 160–180°C околу 40–50 минути. Доколку пребрзо зарумени одозгора, покријте со алуминиумска фолија.
По печењето, оставете го милибродот во исклучена рерна додека целосно да се излади – така ќе остане мек и сочен.
Совети за совршен резултат (вредни за секоја кујна)
За најдобар вкус и текстура, користете квалитетен путер и свежо брашно – овие состојки значително влијаат на крајниот резултат.
Доколку сакате поароматичен милиброд, може да додајте ванила, рендана кора од лимон или портокал.
Практични кујнски апарати како миксер со кука за тесто или модерни рерни со рамномерно печење можат да помогнат за уште подобар резултат – инвестиција која често се исплатува за љубителите на домашно печиво.
Постапката погледнете ја во видео прилогот ТУКА.





































