Home закуска Пирошки меки како памук: Брз појадок што се подготвува за 10 минути

Пирошки меки како памук: Брз појадок што се подготвува за 10 минути

Домашен појадок за 10 минути: Пржено тесто што прекрасно се набабрува без квасец

Кога сакате брз и топол појадок без чекање да стаса тестото, овој рецепт за пржено тесто без квасец е вистинско решение. Подготвено со кашкавал, јајце и малку магдонос, тестото станува неверојатно меко однатре и крцкаво однадвор.

Ова е едноставен домашен рецепт кој се подготвува за само неколку минути и е идеален за појадок, брза ужина или трпеза со гости.

Благодарение на прашокот за печиво, тестото убаво се крева и добива воздушеста структура без долго месeње или чекање.

Дополнително, ваквите практични рецепти се популарни меѓу љубителите на домашна кујна, мали кујнски апарати и модерни решенија за подготовка на храна, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки (се мери со мала чајна чаша од 120 мл и чаша од 200 мл)

• 120 мл млеко
• 1 јајце
• 1 мала лажица сол
• 200 мл рендан кашкавал
• 120 мл бело сирење (ситно издробено)
• 8–10 гранчиња магдонос, ситно сечкан
• 1 кесичка прашок за печиво
• 400–450 г брашно (додавајте постепено)

За пржење:
• околу 120 мл масло

Постапка

1. Во длабок сад сипете го млекото и додајте го јајцето. Со маталка или виљушка измешајте додека да се соединат.

2. Додајте ги ренданиот кашкавал, издробеното сирење, ситно сечканиот магдонос и солта.

3. Сипете го прашокот за печиво и добро промешајте.

4. Постепено додавајте брашно и мешајте додека да добиете меко и еластично тесто. Количината брашно може малку да варира во зависност од големината на јајцето и видот на брашното.

5. Замесете кратко со рака, околу 3–4 минути, додека тестото стане меко и лесно за обликување.

6. Покријте го тестото со кеса или кујнска фолија и оставете да одмори околу 15 минути.

7. На лесно набрашнета површина развлечете правоаголна кора со средна дебелина.

8. Исечете ја кората на ленти или правоаголници – големината може да ја прилагодите по желба.

9. Во тава загрејте умерена количина масло на средна температура.

10. Ставајте ги парчињата тесто во загреаното масло и пржете ги додека да добијат златна боја од двете страни.

11. Извадете ги на хартиена салфетка за да се впие вишокот масло.

Послужете ги топли – одлични се со јогурт, сирење или свежа салата.

Мали кујнски трикови

• Тестото треба да биде меко, но да не се лепи премногу.

• Пржете на умерена температура за тестото да се испече убаво и однатре.

• За уште побогат вкус, може да се додате малку сув босилек или суво оригано.

• Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: