Овој рецепт со причина освои награда – едноставен е, брз, а резултатот е меко, воздушесто тесто со неодолив фил од кашкавал.
Совршен избор за појадок, ужина или топло печиво за целото семејство. Подготвен од основни состојки, без компликации, но со ефект што секогаш воодушевува – особено кај децата, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Брзи и многу вкусни ролнички со кашкавал од меко тесто со млеко и вода. Идеален појадок за целото семејство – едноставен рецепт со совршен резултат.


🧾 Потребни состојки
За тестото:
• 250 мл млака вода
• 250 мл млако млеко
• 10 г сув квасец
• 3 лажици шеќер
• 1 лажичка сол
• 200 мл растително масло
• 700 г пченично брашно
• 100 г пченично брашно (за дополнително замесување)
• НМД
За фил:
• 100 г рендано сирење или кашкавал
За премачкување и декорација:
• 1 јајце (разматено)
• Маслинки, по вкус


👩🍳 Начин на подготовка
1. Во подлабок сад сипете ја млаката вода и млако млеко.
2. Додајте го шеќерот и сувиот квасец, па промешајте и оставете неколку минути да се активира.
3. Сипете го растителното масло, па постепено додајте 700 г пченично брашно и сол.
4. Мешајте со лажица додека да се добие хомогена смеса.
5. Додајте уште 100 г брашно и замесете меко, нелепливо тесто.
6. Префрлете го тестото на набрашнета работна површина и месете неколку минути, додека да стане мазно и еластично.
7. Ставете го тестото во сад намачкан со масло, покријте со проѕирна фолија и оставете да стаса на топло место околу 1 час, додека да го зголеми волуменот.
8. Откако ќе стаса, нежно истиснете го воздухот и префрлете го тестото на маса.
9. Формирајте топка и поделете го тестото на 18 еднакви делови.
10. Секој дел обликувајте го во мало топче.
11. Земете две топчиња и развлечете ги во тенки кори.
12. Ставете ги корите една врз друга, подвиткајте ги краевите од сите четири страни за да добиете квадрат.
13. Превртете го квадратот наопаку и во средината ставете рендано сирење или кашкавал.
14. Спојте ги двата спротивни краја кон средината и со прстите добро затворете ги отворите, за филот да не истекува при печење.
15. Наредете ги ролничките во плех обложен со хартија за печење, со спојот надолу, за да дојде до израз декоративната форма.
16. Покријте ги и оставете ги да одморат 15 минути.
17. Премачкајте ги со разматено јајце и декорирајте со маслинки.
18. Печете во загреана рерна на 180 °C, 20–25 минути, додека убаво да заруменат.
19. Оставете кратко да подизладат и послужете топли.
20. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:
https://youtu.be/xeBljM5hqDo?si=0EOxA2bQCW-fZ9Hr




































