Home посни колачи Посни кифлички од само 3 состојки, без јајца и млеко, а меки...

Посни кифлички од само 3 состојки, без јајца и млеко, а меки и многу вкусни

Кифлички од три состојки – без јајца и млеко, нежни, прхки и неодоливо миризливи

Овој едноставен, старински рецепт е вистински доказ дека за совршени кифлички не се потребни скапи или сложени намирници.

Со само три основни состојки и малку трпение, се добиваат меки, миризливи и вкусни кифлички кои потсетуваат на детството.

Се подготвуваат брзо, секогаш успеваат, а најубаво е што се посни – идеални за секој ден или за пост, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

• 150 мл врела вода
• 250 мл масло
• 2 кесички ванилин шеќер
• 450–500 г брашно (се додава постепено)
• 1 кесичка прашок за печиво
• џем по желба (традиционално – џем од вишни)
• шеќер во прав (за валкање)
• НМД

Постапка за подготовка:

1. Ставете ја водата да зоврие, па тргнете ја од оган и додајте го маслото. Оставете течноста да се излади до млако.
2. Додајте го ванилин шеќерот и промешајте.

3. Во посебен сад измешајте го брашното со прашокот за печиво, па постепено додавајте го во течната смеса.

4. Мешајте додека да се формира компактно тесто, а потоа замесете го со рака. Тестото треба да биде меко и нелепливо.

5. Поделете го тестото на три еднакви дела, оформете топки и оставете ги да одморат околу 10 минути.

6. Лесно набрашнете ја работната површина и развлечете ја секоја топка во круг со дијаметар од приближно 30 см и дебелина околу 2 мм.

7. Секој круг исечете го на осум триаголници (вкупно 24). На поширокиот дел од секој триаголник ставете малку џем и виткајте во кифличка.

8. Наредете ги кифличките во големиот плех од рерната, обложен со хартија за печење.

9. Печете во загреана рерна на 180°C околу 30 минути, само колку да останат светли и нежно печени.
10. Кога ќе подизладат, лесно валкајте ги во шеќер во прав.

Кифличките се неверојатно меки и долго остануваат свежи. Совршени се со кафе, чај или како слатко задоволство во секое време од денот. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: