Слатки панцероти со лимонов крем
Со само едно јајце и јогурт под рака, за пет минути подготвувате тесто кое не бара печење ниту ферментација, а резултатот се извонредно нежни пржени полумесечинки со освежителен крем од лимон.
Идеални за брз десерт или ненадејни драги гости, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
За тестото
1 јајце
125 g цврст јогурт или кисела павлака
8 g ванилин шеќер
2 лажици шеќер
½ лажичка сол
рендана кора од лимон
2 лажици сок од лимон
50 ml сончогледово масло
380 g брашно
10 g прашок за печиво
НМД
За филот
150 ml млеко
2 лажици шеќер
2 лажици скроб
8 g ванилин шеќер
рендана кора од лимон
40 ml сок од лимон
1 лажичка путер


Постапка
Во длабок сад со жица измешајте го јајцето со јогуртот, ванилиниот шеќер, солта и шеќерот. Додајте рендана кора од лимон, сок од лимон и масло, па повторно промешајте.
Потоа додајте го просеаното брашно со прашокот за печиво и мешајте со шпатула. Штом тестото стане компактно, замесете го со раце додека да се измазни. Покријте го и оставете да одмори додека го подготвувате филот.
За филот: во тенџере измешајте го млекото со шеќерот, скробот, ванилиниот шеќер и ренданата кора од лимон. Ставете на умерена температура и мешајте постојано додека смесата згусне.
Тогаш додајте сок од лимон и путер, мешајте уште малку и тргнете од оган. Оставете да се излади.
Одмореното тесто обликувајте го во валјак и поделете го на 11 еднакви делови. Секој дел формирајте го во топче, па со оклагија развлечете го во тенка тркалезна кора.
Краевите на кората премачкајте ги со четка натопена во вода. Во средината ставете лажица фил, преклопете и затворете.
Вишокот тесто отстранете го со тркалце за пица или нож, а рабовите дополнително притиснете ги со виљушка за сигурно затворање.
Панцеротите пржете во умерено загреано масло од двете страни додека да добијат златна боја.
Вадете ги на хартија, па уште топли обилно валкајте ги во кристал шеќер или посипете со шеќер во прав. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:












