Качамак со пченкарно брашно – традиционален рецепт (прв начин)
Качамакот е старо македонско јадење што ја спојува едноставноста на пченкарното брашно со богатството на путерот (маста) и сирењето.
Овој начин на подготовка овозможува брашното да се вари полека, па резултатот е кремав и без грутки, со златна кора од путер, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – Потребни состојки
1600 мл вода
1 лажица сол (неполна)
1 лажица путер
500 г пченкарно брашно
120 г растопен путер
НМД


Постапка
1. Во тенџере ставете ја водата, солта и лажицата путер. Загревајте до вриење, па тргнете од оган.
2. Постепено додавајте го пченкарното брашно лажица по лажица, рамномерно распоредувајќи го. Израмнете ја површината.
3. Со дрвено сyкало направете повеќе дупки низ смесата.
4. Вратете го тенџерето на тивок оган, поклопете и варете 50 минути.
5. Во меѓувреме, во тава растопете го путерот и малку посолете.
6. По 50 минути енергично промешајте со лажица и продолжете со варење уште 10 минути на ниска температура, додека смесата се одвои од ѕидовите и формира топка.
7. Во плитка тепсија премачкајте дел од растопениот путер.
8. Со лажица префрлете ја смесата во тепсијата или истресете ја целата и со натопена лажица во путер иситнете ја на помали парчиња.
9. Прелијте со преостанатиот путер, посипете ситно сирење и послужете со кисело млеко. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:
Качамак со пченкарно брашно – (втор начин)
Овој постар начин бара трпение, но наградува со длабок вкус и свиленкаста текстура.
Брашното се вари речиси два часа, па секое зрно ја впива влагата и се претвора во густ, мирисен качамак што се топи во уста, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 2 – Потребни состојки
1400 мл вода
1 лажица сол
500 г пченкарно брашно
1 чаша масло (или путер)
дополнителна маснотија (путер или маст, по желба)
сол (по желба)
НМД
Постапка
1. Во тенџере ставете ја водата и солта да зовријат.
2. Додајте го пченкарното брашно одеднаш и израмнете ја површината.
3. Со дршката од дрвена лажица направете три дупки – една поголема во средината и две помали.
4. Во дупките и преку површината прелијте чаша масло. Оставете ја дршката во средната дупка неколку минути за да се формира и зацврсти.
5. Поклопете и варете на тивок оган 90 минути, повремено протресувајќи го тенџерето за рамномерно варење.
6. Тргнете од оган и промешајте енергично за да се растворат евентуалните грутки.
7. Истресете ја смесата во тепсија и оставете да се олади на собна температура.
8. По желба, иситнете ја во блендер или на традиционален начин со лажица или сyкало.
9. Прелијте со дополнителна маснотија и сол по вкус. Послужете топол. Постапката погледнете ја ОВДЕ:
https://www.facebook.com/share/r/14Nc4fcts28/?mibextid=wwXIfr












