Погачици без чекање…Ќе се изненадите кога ќе видите што сум ставила во тестото…Вторпат ги правам и сите дома сме воодушевени од вкусот. Сега ќесто сакаат да ги правам, а мене не ми е течко зашто рецептот е многу брз и лесен.
Ништо не се чека, само се замесува и се пече. Испробајте ги ги што поскоро, нема да се покаете. Погачици со варени јајца и сирење. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 варени јајца, РЕНДАНИ
200 г путер или маргарин
150 г сирење
1/2 лажичка сол или по вкус
околу 200 г брашно
2 лажички прашок за печиво
сусам
1 јајце за премачкување
ПОСТАПКА:
Изрендајте ги јајцата и измешајте ги со сирењето и путерот. Додајте брашно, сол, прашок за печиво. Месете, развлечете кора и употребете мала чаша или капаче од шише за да ги извадите погачиците.
Можете исто така да исечете штанлички. Премачкајте ги со изматено јајце, посипете ги со сусам и печете ги во загреана рерна на 220 степени околу 20 – 25 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ: