Многу вкусни САМСА печива со облик на лале, полнети со месо…Гостите секогаш се воодушевени…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г брашно
150 г путер омекнат на собна Т
180 г кисела павлака
1 јајца
1 лажичка сол

За фил соединете:

400 г мелено месо
250 г ситно сечкан кромид
по 1 лажичка: сол, црн и црвен пипер

ПОСТАПКА:

Во брашното додајте сол и путер, па со прстите соединете до конзистенција на трошки. Потоа содајте ги павлаката и јајцето, па замесете компактно тесто. Оставете го 20 минути во фрижидер.

Поделете го на два дела и од секој обликувајте валјак за полесно да го исечете на 32 парчиња од по 25 г. Обликувајте топчиња и покријте ги со кеса за да не се сушат. Секое топче развлечете го со оклагија.

Засечете го од центарот и на едниот крај ставете фил. Свиткајте го како триаголник сѐ докрај за да добиете конус. Спојте ги краевите на долниот дел за да се затвори филот.

Наредете ги во плех обложен со хартија, премачкјате ги жолчка помешано со лажица млеко, посипете ги со сусам или по желба и печете ги 35 минути во загреана рерна на 200 степени.

Постапката погледнете ја на јутјуб ОВДЕ и на Инстаграм ОВДЕ:

https://www.instagram.com/reel/DDZ-VW9oOjT/?igsh=MXJnZTcxcXg5Nmd2dQ==