Овие палачинки се многу фини и меки и не се нималку масни ниту гумени кога ќе се гризнат, а можете да ги филувате по желба, сите вкусови добро им стојат…

Потребни состојки:
4 јајца,
400 г брашно,
400 мл млеко,
400 мл газирана вода,
4 лажици масло,
малку сол и
1 ванилин шеќер

Постапка:
Јајцата изматете ги со жица, па додадете половина брашно и млеко, па сето добро соединете го.
Потоа додадете ја втората половина од брашното и млекото, малку сол, ванилин шеќер и масло, па соединете да нема грутчиња.
На крај додадете ја газираната вода и добро промешајте да се изедначи и стане мазна. Смесата оставете ја еден час да одмори во фрижидер.
За тоа време убаво ќе се спојат состојките и подобро ќе се пече тестото, а палачинките од прва до последна ќе бидат исти по дебелина.
Тавчето за палачинки намастете го со малку масло и добро загрејте го.
Pотоа излејте една кутлача од смесата во него, брзо и рамомерно разлејте на сите страни и печете неколку секунди од едната страна, па превртете и на другата страна, печете исто толку или пократко.
Печените палачинки редете ги една врз друга, најгорната поклопете ја со со втората превртена на чинијата и филувајте по желба. Ќе бидете восхитени од вкусот!

Коментар на Лидија Влахова: ”6 јајца, 400 г брашно, 200 мл обична вода, 6 лажици масло и 600 мл млеко. Ова е мојот рецепт за двојна доза, а ако сакате вие преполовете ја количината”.





































