Не е потребно да се премесува тестото…СТАПЧИЊА СО СИРЕЊЕ И СУСАМ ЗА 15 МИНУТИ ГОТОВИ…Многу вкусни…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
60-125 г путер на собна Т
250 г ситно сирење/урда + сол по вкус
250 г брашно
1 лажичка прашок за печиво

За премачкување:
1 јајце
сусам

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад просејте ги брашното и прашокот за печиво, па додајте јајце, сол и сирење. Измешајте, па додајте го путерот исечен на коцкички и измесете со рака додека да добиете фино компактно тесто.

2.Оставете го во фрижидер 40 минути, а потоа истресете го врз парче хартија посипана со брашно и развлечете го во правоаголна кора и исечете штанглички.

ПОГАЧИЦИ ОД 3 СОСТОЈКИ: Брзи, едноставни и многу вкусни, секој втор ден ги правам

3.Одозгора премачкјате ги со јајце со малку сол, посипете ги со сусам и печете ги во загреана рерна на 200 степени додека да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.