Ако патувате некаде, направете си ги овие брзи соленки за по пат…Многу вкусни…Тестото можете да го чувате и до два-три дена во фрижидер или да го замрзнувате. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

900 г брашно
1 јајца и 1 белка
250 г маргарин или путер или маст (на собна Т)
200 мл бело вино
300 г ситно сирење (тврдо)
1 кесичка прашом за печиво
2 лажички сол (по вкус: црн пипер, оригано, магдонос, ким)

ПОСТАПКА:

1.Измешајте го брашното со јајцата, путерот, прашок за печиво, сирење, вино и зачини по вкус. Добро измесете да добиете средно меко тесто кое лесно се обликува.

2.Развлечете го во правоаголна кора со дебелина од 6-7 мм, одозгора премачкјате со жолчка и посипете сусам, па сечете штангли со големина по желба.

3.Штанглите наредете ги во плех обложен со хартија за печење, а рерната загрејте ја на 200 степени. Печете ги во врелата рерна 20 минути додека да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/fPWRP8Eq5Ec?si=h4VB52FoCZ3h9iAI