ПОВКУСНИ НЕ СМЕ ПРОБАЛЕ…Неодоливи уштипци, за само 15 минути…Едноставно и вкусно, за појадок, вечера или закуска…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 мл топло млеко
250 мл топла вода
10 г сув квасец
1 лажичка шеќер
2 јајца
3 лажици масло
1 лажичка сол
650 г брашно
масло за пржење

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад помешајте ги млекото и водата, додајте сув квасец и шеќер, помешајте и оставете 10-тина минути да се активира квасецот.

2.Во посебен сад изматете ги јајцата и помешајте ги со активираниот квасец. Додајте масло и сол, па промешајте.

3.Постепено додавајте го брашното, малку по малку и непрекинато мешајте 10-тина минути. Тестото прекријте го со кеса/фолија и оставете го на топло место да ферментира додека да го удвои волуменот.

4.Во широко тенџере загрејте масло (2 см) на умерена температура. Натопете ја лажицата во маслото и црпете од тестото па спуштајте и пржете ги уштипците додека да заруменат од двете страни.

5.пржените уштипци вадете ги во чинија обложена со хартиена салветка. Постапката погледнете ја ОВДЕ.