ПИРОШКИ СО СИРЕЊЕ…Најубав појадок или вечера, со чаша јогурт или кисело млеко…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 чаши млеко
1 кесичка сув квасец
1 кесичка прашок за печиво за да се спречи апсорпција на масло
1 лажичка сол
брашно по потреба

За фил (може и по вкус):
сирење
магдонос
снегулки од црвен пипер

ПОСТАПКА:

1.Сите состојки освен брашното се ставаат во садот за месење и се замесува меко тесто со додавање брашно малку по малку. Тестото треба да биде компактно и да не се лепи за рака или сосем малку, за да биде меко.

2.Се остава покриено и на топло место да ферментира половина час. Ферментираното тесто се дели на помали топчиња.

3.Филот се подготвува со мешање на ситно сирење, ситно сечкан магдонос и чили пипер. Фил можете да подготвите и со состојки по ваш вкус.

4.На набрашнета површина развлекувајте ги топчињата со оклагија, филувајте ги, па добро затворете го тестото за да не истекува филот при пржењето.

5.Пржете ги во масло со длабочина од 1-2 см загреано на умерена температура, додека да зарумени од двете страни. Рецепт на инстаграм ОВДЕ.

https://www.instagram.com/reel/C71BCzKNE72/

instagram.com/merveninmtfgi