ТЕНОК ЛЕБ СО МЕЛЕНО МЕСО – Се пече само 8 минути, а кога ќе го пробате овој вкус, ќе заборавите на пиците! Едноставен рецепт за превкусно јадење, не пропуштајте го! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (Се мери со чаша од 200 мл, мала чаша од 120 мл):

За тесто:
1.5 чаша топла вода
1 лажичка инстант сув квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
3.5 чаши брашно

За фил:
500 г мелено месо
2 домати
2 зелени пиперки
2 главици кромид
магдонос
0.5 чашјна чаша масло (50-60 мл)

Зачини:
1 лажичка сол
2 лажички чили пипер
2 лажички црвен пипер во прав
1 лажичка црн пипер во прав

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад растворете го квасецот со шеќер и топла вода, па постепено додајте го брашното со солта. Замесете меко, сосем малку лепливо тесто кое се одвојува од ѕидовите на садот.

2.Покријте го тестото и оставете го на топло место да ферментира 1 час. Во меѓувреме пригответе го филот.

3.Зеленчукот сомелете го во блендер, па сите наведени состојки помешајте ги со меленото месо. Изедначете ја смесата со зачините и оставете ја кратко да отстои во фрижидер.

4.Стасаното тесто малку премесете го и поделете го на 9 топчиња. Покријте ги и оставете ги да одморат 15 минути.

5.Посипете брашно на работната површина и развлечете ги топчињата во тенки кори со облик на чамци, како за пастрмајлии.

6.Филот одокативно поделете го на 9 дела, па распоредете преку целата површина на секое од лепчињата.

7.Печете ги во претходно загреана рерна на 250 степени, само 8-9 минути. Сечете ги и послужете ги со лимон и магдонос. Постапката погледнете ја ОВДЕ.