КРОМИД САЛАТА СО ДОМАТИ И НАЈВКУСНИОТ СОС: Откако го открив рецептот, секој ден ја правам! Многу вкусна салата…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 главици виолетов кромид (средна големина)
2 големи домати
1 китка магдонос
2 зелени долги и тенки пиперки
1 лажичка сол
3 лажички сумак (зачин) или зачин за салати по ваш избор
2 лажици сируп од калинка (или лимонов сок или балсамико)
2 супени лажици маслиново масло

ПОСТАПКА:

1.Кромидот ситно исечкајте го и ставете го во поголем сад. Посолете со 1 лажичка сол и протријте го со нежно низ раце за да омекне и да се раздели на лентички.

2.Доматите и пиперките ги сечкаме, ситно го сечкаме магдоносот и го додаваме во кромидот.

3.Додајте зачин за салата (сумак), сируп од калинка и маслиново масло и измешајте за да се распоредат зачините рамномерно.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.