Лисната погача МАСЛЕНИЦА: Најубавото тесто што некогаш сум го направила! МЕКА КАКО ПАМУК! Еве што ви е потребно:

Состојки за тестото:

200 мл млако млеко
200 мл млака вода
1 лажица сув квасец 10 г
1 лажичка шеќер
600 г брашно
1 лажичка сол
1 лажица масло

Фил: 400 г свежо сирење

За премачкување:
100 г путер
100 мл масло
1 јајце
малку сол

ПОСТАПКА:

Во подлак сад сипете 200 мл млако млеко и 200 мл млака вода, 1 лажица сув квасец и 1 лажица шеќер. Промешајте и оставете 5 минути за да се активира квасецот. Потоа започнете постепено да додавате 600 г брашно и 1 лажичка сол.

На почетокот мешајте со лажица, а кога тестото ќе згусне домесете го со рака. месете го додека почне да се одвојува од ѕидовите на садот, но сè уште е средно меко. Премачкјате го со една лажица масло и прекријте го со крпа.

Оставете да ферментира на топло место 45 минути. Стасаното тесто малку премесете го за да се истисне воздухот од него. Сипете го на набрашнета површина и поделете го на три дела. Од секој дел обликувајте топка.

Тестата покријте ги со крпа и оставете ги да одморат 10 минути. За тоа време пригответе го филот (свежо сирење) и смесата за премачкување (растопете путер со масло).

Земете едно тесто и на набрашнета површина отворете го во голема кора со пречник околу 40 см. На ист начин развлечете ги и останатите две теста.

Едната кора премачкјате ја со мешавина од путер и масло, па распоредете свежо сирење. Преклопете ја одозгора со втората кора и повторете ја постапката. Поставете ја и третата кора, па и неа премачкјате ја со маснотија и свежо сирење.

Сека започнете го необичното диплење: најгорната кора преклопете ја од двете страни, а секоја страна малку намастете ја. Потоа здиплете ја од другите две страни, така да добиете коцка. Повторно премачкјате.

Постапката повторете ја и со втората кора, а кога ќе добиете коцка, пополнете ја на страните со остатокот од свежото сирење.

И на крај здиплете ја и последната кора врз спакуваните две кори, а секоја нова површина премачкјате ја со маснотија.

Масленицата ставете ја во плех обложен со хартија за печење, покријте ја и оставете да одмори 15 минути. Потоа со рацете малку сплескајте ја, премачкјате ја со јајце во кое сте сосале малку сол и остатокот од маснотијата.

Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, половина час. Кога е печена оставете малку да подизлади, па послужете ја. Постапката погледнете ја ОВДЕ.