Помешајте ориз со квасец и повеќе нема да купувате леб! Многу вкусно! Овој рецепт датира многу одамна, кога имало недостиг од пченица, а ориз имало повеќе, па луѓето го мешале брашното со ориз.
Се добивал многу вкусен и хранлив леб, а рецептот и причината која се подготвувал овој леб, одамна е заборавена… Еве што ви е потребно, објаснето чекор по чекор:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ И ПОСТАПКА:
200 г ориз (измиен)
350 мл вода
Ставете ги на тенџере, на оган. Откако ќе зоврие, оставете го под капак на тивко 15 минути да ја впие сета течност. Потоа претурете го во друг сад и оставете да се лади. Во посебен сад сипете:
100 мл топло/млако млеко
10 г шеќер
6 г сув квасец
Промешајте и оставете да се активира квасецот 10 минути. Потоа повторно промешајте и сипете го во оризот. Промешајте, па додајте:
3 г сол
300 г брашно (просеано)
Замесете со рака додека да добиете компактно меко тесто, малку лепливо на рака. Полијте го со 30 мл масло и домесете го уште малку додека тестото да се измазни.
Покријте го и оставете го на топло да стасува 1 час додека да го удвои волуменот. Потоа подгответе калап со дијаметар од 23 см и обложете го со хартија за печење.
Стасаното тесто малку премесете го, обликувајте го во топка и ставете го во калапот. Покријте го со крпа и оставете го да ферментира 20 минути.
За тоа време добро загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете го лепчето да се пече 45 минути. Деталите од постапката погледнете ги во презентацијата ОВДЕ.