Руската салата е кралица на секоја празнична трпеза, а може да се јаде со печено месо, со кифлички, како намаз или предјадење… Има безброј примени, а секое јадење го прави фантастично.

Милена Јовановиќ сподели рецепт за руска салата кој се разликува од оние што сте ги подготвувале досега. Милена смета дека киселите краставички се виновни за побрзото расипување на руската салата и затоа таа не ги става во рецептот.

Доколку сакате да остане свежа и вкусна неколку дена, нејзиниот предлог е да се стави пченка и целер како замена. На ова Вера и одговори:

„Никогаш нема да се расипе и по неколку дена во фрижидер ако ставите кисели краставички во неа, само треба добро да ги исцедите.

Исто така, нема да биде лошо дури и ако веднаш ставите поголема количина мајонез, но би ве советувала да го измешате половина (50:50) со павлака, бидејќи тогаш е посвежа салатата, погуста е, сè убаво врзува и навистина трае подолго.

Можете да додадете и ситно сечкани варени јајца, и тие ќе придонесат убаво да згусне и ќе дадат убав вкус и ништо друго од она што сте го предложиле, бидејќи тогаш веќе не е „руска“. Пробајте, ќе видите.“

Имаше и други предлози, како на пример, да не се додава компир, бидејќи тој ја менува бојата и тој е виновникот за побрзото расипување.

А, некои предложија сите состојки претходно да се исечкаат и измешаат, а мајонезот да се додаде пред самото послужување и на тој начин ќе се продолжи рокот на траење на салатата.

Во продолжение можете да го прочитате рецептот што го предложи Милена:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 г компири
150 г грашок
200 г моркови
50 г слатка пченка
50 г корен од целер
1 лажица мешавина од зачини
свеж магдонос
200 г шунка
300 г мајонез

ПОСТАПКА:

Компирите, морковите и целерот исечкајте ги на коцки, како и шунката. Сварете го зеленчукот и оставете го убаво да се исцеди во цедалката.

Никогаш не го плакнете зеленчукот со ладна вода. Во садот во кој ќе послужите ставете мајонез, па додајте го изладениот зеленчук и сечкана шунка. Добро измешајте.