Ова лиснато тесто е толку многу добро, сите што го пробале се воодушевиле. Печивата се подготвуваат многу брзо, а тестото не се остава да отстојува, веднаш се замесува и развлекува. Лиснатите печива-коцки се исти како замрзнатите што се продаваат во супермаркетите, но се многу повкусни, бидејќи се свежи и домашно направени. Одлично се комбинираат со чаша јогурт. Направете ги за ручек или вечера. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 мл млеко, 200 мл вода, 1 лажичка шеќер, 1 лажица сол, 30 г квасец, 1 јајце, 100 мл масло, 750-800 г брашно, 200 г путер или маргарин за премачкување. ЗА ФИЛОТ: 450 г урда/сирење, 300 г шунка или некое друго сувомеснато, 200 г кечап, 1 јајце за премачкување, сусам и лен за декорација.
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад се замесува тестото. Истурете 200 мл млако млеко, додајте 1 лажица шеќер и 30 г свеж квасец. Промешајте ги состојките и оставете квасецот малку да набубри неколку минути, на топло место. Додајте 200 мл вода и 1 јајце, па повторно сѐ заедно соединете. На крајот се додава околу 500 г брашно и сол и се продолжува со мешање.
Кога сите состојки убаво ќе се соединат, замесете го тестото со рака. Вкупно ќе ви бидат потребно 750-800 г брашно. Тестото месете го подолго време додека целосно да се соедини и по потреба додавајте си брашно. Тестото се замесува на рамна набрашнета површина и треба да биде со средна цврстина и да не се лепи. Откога ќе го замесите тестото, формирајте го во подебел валјак.
Премачкајте ја работната површина со малку масло или маргарин и замесете го уште на мрсната подлога. Убаво измесениот валјак се дели на 15 помали делови. Секој дел од тестото, обликувајте го во топче. Намастете ја малку подлогата и на неа наредете ги сите топчиња кои исто се премачкуваат со масло и се покриваат со фолија или најлон и се оставаат да отстојат 20-тина минути.
По изминатото време, се земаат 5 топчиња и секое се притиснува малку со прстите за да се рашири со големина на тацна. Тестата премачкајте ги обилно со растопен маргарин или путер одозгора и редете ги едно врз друго. Откога ќе ги наредите сите 5 теста едно врз друго, повторете ја постапката уште двапати, да добиете 3 теста.
Замесените теста развлекувајте ги одделно со оклагија. Доколку оклагијата малку ви лепи од маргаринот/путерот, наросете малку брашно и започнете со развлекување. Се Тестото развлечете го во правоаголен облик, а големината на тестото ќе си ја одредите сами во зависност колкав е вашиот плех, за печење. Потоа подгответе го филот:
ЗА ФИЛОТ: Во посебен сад се прави филот, така што се соединуваат урдата, ренданата шунка (исечкана на дебели ленти) и кечапот и сето тоа заедно се меша додека да се соединат убаво состјоките. По вкус, може да додадете и други намирници како кашкавал, печурки, маслинки или нешто по ваш вкус.
Првото развлечено тесто поделете го на три или четири делови по должина, со дебелина по ваша желба. Јас тестото го поделив на три ленти (види фото). За тестото да биде уште полиснато, пред да го премачкате филот, намастете го со малку маргарин или путер.
Филот може да го премачкувате низ целата кора или да го ставите на едно место. Потоа, секоја лента се витка во ролат и се префрла вертикално или хоризонтално (зависи како сте го развлекле тестото) во намастен плех, обложен со хартија за печење. Редете ги ролатите споени во плехот, додека да го исполните целиот плех, сосе останатите две теста, кои треба да ги подготвите на истиот начин.
Кога ќе бидат сите наредени во плехот се сечат на коцки и се премачкуваат со јајце и можете да ги наросите со сусам или лен. Се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, 20-25 минути, додека да поруменат. Деталите погледнете ги ОВДЕ.