Home Рецепти КРОФНИЧКИ СО 1 ЈАЈЦЕ: Тестото не го допирате со раце – може...

КРОФНИЧКИ СО 1 ЈАЈЦЕ: Тестото не го допирате со раце – може да ги јадете благи или солени

Овие вкусни и брзи крофнички се меки и воздушести, а јогуртот во тестото ги прави да бидат уште попуфнасти и дава добар вкус.

Крофничките може да ги јадете благи или солени, како што преферирате. Интересно е тоа што тестото, воопшто не треба да се меси.

Од оваа количина излегуваат навистина многу крофнички, но толку се вкусни што веднаш се изедуваат. Eве кои состојки ви се потребни за да ги направите:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250-300 г брашно, 250 г јогурт, 150 мл млеко, 1 јајце, 1 лажичка кора од лимон, 70 г шеќер (5 лажици), 10 г прашок за печиво (1 лажица), растително масло за пржење.

ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад скршете го јајцето и малку изматете го со жица или маталка. Потоа додајте го шеќерот и убаво измешајте ја смесата додека шеќерот почне да се растопува.

Постепено започнете да го додавате јогуртот, а потоа и млекото, додека непрекинато мешате со маталката. Додајте сосем малку изрендана кора од лимон за арома.

На крајот постепено додајте го просеаното брашно, измешано со прашокот за печиво и прстофат сол. По желба, додајте екстракт од ванила или половина кесичка ванилин шеќер.

Соединете ја смесата да нема грутчиња. Во широка тава загрејте масло на средна кон ниска температура.

Потоа, мала лажичка натопете во загреаното масло, а потоа црпнете од смесата и со помош на друга лажица спуштете ја смесата во форма на топче.

На истиот начин пржете по неколку крофнички, колку што ви собира во тавчето.

Пржете ги додека да добијат убава златна боја од сите страни. Вадете ги на хартиена салветка.

Додека се топли валајте ги во шеќер или посипете ги со чоколаден или меден сируп.

Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Прочитајте и други верзии за брзи крофнички „фритули“ кои се подготвуваат за 10 минути – ОВДЕ:

ЈОГУРТНИ ФРИТУЛИ ЗА 10 МИНУТИ: Убедливо најдобриот рецепт, лесен, брз и едноставен, од нив цела куќа замирисува неодоливо