Заштедете пари – загрејте го домот на едноставен начин

Сега е идеално време ова да го испробате!

Ако во текот на овие есенски денови ви се чини дека радијаторот во просторијата не е доволен, едноставниот трик со фолија сигурно ќе ви помогне. Во станот ќе ви биде потопло, а нема дополнително да плаќате.

Еве што треба да направите:

-Позади радијаторот на ѕидот залепете било каков рефлектирачки материјал, на пример алуминиумска фолија или фолија за заштита на ветробранското стакло од автомобилот.

Наместо да се згрева ѕидот, топлината од радијаторот ќе се рефлектира во просторијата.

Алуминиумската фолија залепете ја на парче кратон, така што сјајната страна од фолијата да виде однадвор, па ставете го картонот помеѓу ѕидот и радијаторот. Секако, страната со фолијата треба да биде свртена кон радијаторот.​

Наместо да оди низ надворешните ѕидови, топлината ќе се враќа во просторијата.

Погледнете ја снимката: