За досадната кандида спас е чорбата со 52 чешниња лук и ѓумбир

Лукот е многу здрав – тоа сите го знаеме. Оваа чорба не само што е вкусна, туку е многу здрава, пред сè за уништување на евентуалните габички во нашето тело. 

Доколку има влошување на состојбата со габичната инфекција или пак таа постојано се повторува, една од најдобрите работи што можете да ги направите за себеси е да ги засакате лукот и кромидот а да го одбегнувате благото и квасецот.

Подгответе ја оваа вкусна супа која може да биде многу делотворна:

Кога еднаш ќе ја пробате, толку многу ќе ја засакате, што ќе ја барате постојано во вашето мени.

Потребни состојки:

52 чешниња лук

2 лажици маслиново масло

2 лажици путер

1 поголема главица кромид

loading...

1 свеж ѓумбиров корен со средна големина (исечкан околу 1/2 чаша)

3,5 чаши (од 250 мл) зеленчукова супа

1/2 чаша кокосово млеко

1,5 лажичка сува мајчина душичка

1/2 лажичка чили во прав

Сол, црн пипер

Лимонов сок, ситно сечкан магдонос

Постапка:

26 чешниња во лушпа ставете во огноотпорен сад и полијте ги со две супени лажици маслиново масло.

Покријте со алу-фолија и печете на 180-200 степени додека да станат златно кафеави, околу половина час.

На оган растопете 2 супени лажици путер, па додадете ситно сечкана главица кромид. Пропржете кратко колку да застакли, па тргнете на страна.

Ситно исечкајте еден свеж корен од ѓумбир (околу половина чаша) па додадете го во кромидот.

Зачинете со 1,5 лажичка сува мајчина душичка, 1/2 лажичка кајенска пипер (чили во прав) и додадете 26 излупени чешниња лук.

Пржете на умерен оган околу 6 минути.

Од рерна извадете го печениот лук и исчистете го од лушпата па додадете во претходната смеса и промешајте.

Додадете околу 3,5 чаши зеленчукова супа-база и ставете на умерен оган да се готви околу 20 минути.

Со рачен миксер изблендајте ја супата така што ќе добиете крем.

Во кремот додадете половина чаша кокосово млеко, посолете и запиперете, па промешајте.

Сервирајте со лимонов сок и ситно сечкан свеж магдонос.

Можеби ќе бидете изненадени, но супата е многу вкусна!