Фото и рецепт: Гордана Петрески

Потребни состојки:

300 г бисквити

300 г кокос

300 г мелени ореви

250 г путер

400 г шеќер

100 г чоколадо рендано за одозгора

6 пудинг од ванила

1,5 литар млеко

3 ванилин шеќер

Постапка:

Се вари пудингот а потоа се додава путерот да се соедини убаво.

Кремот се дели на три еднакви дела.

Во едниот дел се додаваат бисквити, во вториот се додава кокос, во третиот дел оревите.

Тркалезен калап се намастува или се обложува со прохирна фолија, па најдолу се става кремот со бисквитите, потоа кокосот и најогоре оревите.

Одозгора се декорира со шлаг и рендано чоколадо.

Фото и рецепт: Гордана Петрески