Шупливи крофни меки, се топат во уста – ПОСНО

Потребни состојки:

1 кг брашно

40 г квасец

300 мл млака вода

200 мл кисела вода

100 мл масло

2 лажици шеќер

2 кесички ванилин шеќер

Кора од лимон – рендана

Кора од портокал рендана – многу малку

1 лажичка сол

Длабоко масло за пржење на крофни.

Постапка:

Ставете квасец, лажица шеќер и лажица брашно. Добро измешајте со малку вода и оставете квасецот да се активира.

Потоа во надојдениот квасец додадете масло, вода, кисела вода, шеќер, рендана кора од лимон и портокал, ванилин шеќер. Замесете со брашно. Брашното додавајте го малку по малку и додавајте сол. Завршете го месењето и оставете го тестото да се удвои.

Потоа развлечете го врз побрашнета работна површина, вадете тркалца со чаша и оставете малку да надојдат, околу 10 минути.

Загрејте го маслото, па крофните спуштајте ги со горната страна свртена кон долу. Поклопете и пржете околу една минута, тргнете го капакот и оставете долната страна да порумени. Свртете на другата страна и пржете. Оставете да порумени.

Вадете ги на салветки да се исцедат, поросете со шеќер во прав и послужете со џем.