Салатата „Метла“ (или како што уште ја нарекуваат „Четка“) има огромна популарност веќе неколку години по ред.

Можеби не изгледа којзнае колку привлечно и егзотично како другите салати, но таа е драгоценост за оние кои сакаат да го исчистат својот организам и да ослабат. Во што е нејзината тајна?

Основните компоненти на салатата (зеленчук и зачински билки) кои го збогатуваат организмот со витамини и минерали, изобилуваат со диетални влакна и пектин.

Благодарение на тоа, ова здраво јадење придонесува за ефикасно чистење на цревата. Со самото тоа, поради исфрлање на фекалните наслаги се намалува и телесната тежина.

Но, тоа не е сè: бидејќи некои од состојките на оваа салата се нискокалорични, доколку со оваа салата замените еден помал оброк (на пример вечера), можете да се ослободите од масните наслаги.

На тој начин, резултатот од консумирање на вкусна и корисна салата, е исчистен организам и коригирана телесна тежина. Постојат неколку рецепти за приготвување на оваа салата. Ќе ви го откриеме основниот рецепт:

САЛАТА „МЕТЛА“ – РЕЦЕПТ:

За нејзино приготвување ќе ви биде потребно: зелка, цвекло, морков, зачински билки, лимонов сок, масло.

ПОСТАПКА:

Зелката изрендајте ја, а потоа и цвеклото и морковот, во однос: 3:1:1

Додајте зачински билки по свој вкус (мирудија/копар, магдонос, целер). Изгмечете го зеленчукот со раце за да пушти сок. Додајте малку лимонов сок. По желба, за постигнување на пикантност, на салатата можете да додадете и малку рендано лукче.

Зачинете со помала количина на растително масло (посебно се препорачува ленено или маслиново). Имајте во предвид дека маслото е доста калорично иако ладно цедените се корисни и препорачливи. Доволна е една супена лажица.

Салатата е непотребно да ја солите. Ако не можете да се откажете од соленкастиот вкус, користете соја сос кој на јадењата им дава солен вкус и воопшто го подобрува вкусот на храната, а има високо нутритивни вредности и не е штетен по здравјето.

Имајте на ум: при ниска киселост во желудникот, подобро е да користете кисела зелка. Доколку имате некакви стомачни проблеми, најдобро е да се советувате со вашиот лекар или нутриционист.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Со САСИ водата ослабете без гладување: За 28 дена рамен стомак“ – ОВДЕ.