loading...

Пиперки потпечени со урда

Фото и рецепт: Злата Периќ

Потребни состојки:

8-10 пиперки

За фил:

300 г сирење или урда

2 лажици кисела павлака

3 јајца

малку масло и сол по потреба

Постапка:

Пиперките се мијат и се чистат од семето. За фил: сите состојки се мешаат и се посолува по вкус.

Се полнат со филот и се редат во намастен плех. Се посолуваат одозгора, се полева малку масло и се покриваат со алуминиумска фолија.

loading...

Се печат во загреана рерна околу 20 минути, потоа се трга фолијата и ги оставате да заруменат.

Фото и рецепт: Злата Периќ

loading...