ОВИЕ лоши навики ви ги прават проблемите во текот на меструалниот циклус

Оние 4-6 денови во месецот се најболните и најпроблематичните денови за жените, а за голем број од нив и – најдепресивните.

Иако постојат бројни начини кои можат да помогнат во намалување на менструалните болки, од чаеви до медикаменти, но исто така, многу е важно жените да преземат соодветна грижа за здравјето за време на овој период.

Покрај одржувањето на личната хигиена, постојат некои лоши навики кои треба да престанете да ги правите:

-Ако сте носеле една иста влошка цел ден, може да се создаде лош мирис и да се предизвикаат несакани инфекции.

Променувајте ги влошките на секои 3-5 часови, без разлика дали крвавите обемно или не. Ако веќе чувствувате болка, со непроменувањето на влошките или тампоните, вие само ризикувате зголемување на болката.

-Ако имате секс за време на меструалниот период, а веќе страдате од болки, вие го зголемувате ризикот од добивање на инфекции.

Кога треба да се јаде?

-Вие и онака губите голема енергија и крв за време на периодот, па затоа не се препорачуваат ригорозни и напорни вежби за време на мензисот.

-Исто така, не смеете да ги прескокнувате оброците во овој период, бидејќи ви се потребни многу нутриенти овој период, особено магнезиум и железо.

-Одбегнувајте да јадете многу доцна навечер, бидејќи на тој начин само ќе му наштетите на вашето тело. Особено одбегнувајте мрсна храна бидејќи тешко се вари.

-Се препорачува и одбегнување на млечни производи кои содржат арахидонска киселина, а со тоа и да се влошат грчевите во текот на ноќта. Добриот и мирен сон може многу да помогне во олеснување на болките.

-Одбегнете депресивни активности како што се гледање на вознемирувачки филмови и слушање на тажни песни, бидејќи тоа може да влијае врз психичкото здравје на сите жени.