Милерам торта за сечиј вкус и за секое време! Брзо се прави, а уште побрзо се јаде

Оваа ја правев од домашни капини, брусници, малини и вишни, а како омилена се покажа токму онаа со шумско овошје.

Потребни состојки:

250 г меко брашно

100 г шеќер

1 прашок за печиво

1 ванилин шеќер

800 г путер

1 јајце

за фил:

500 мл млеко

2 пудинг од ванила

200 г шеќер

800 г милерам (или масна кисела павлака/ свежо сирење/крем сирење)

овошје по свој избор

прелив за торта/желатин

Постапка:

Од наведените состојки замесете меко и ровко тесто, па оставете го во фрижидер околу 45 минути. Потоа развлечете го и ставете го на дното од тркалезен калап (26) претходно намастен со путер и набрашнет.

Напомена: ако тестото ви е многу суво, се рони, додадете една лажица кисела павлака, малку путер, што и да ставите нема да погрешите…

Во млекото сварете го пудингот со шеќер, па тргнете од оган и додека е врело во него ставете го милерамот и промешајте.

Веднаш истурете во калапот, преку филот ставете овошје по желба, па печете 70 минути во рерна загреана на 170 степени.

Добро изладете, најдобро преку ноќ и тогаш прелијте со желатин или готов прелив за торти.

Кога тортата ќе ја извадите од рерна филот ќе се треса и “мрда”, ама тоа нека не ве загрижува, како ќе се лади тој ќе се стега.

loading...